Научно чудо во Јапонија: Парализиран човек повторно прооди со инјекција на матични клетки!

Јапонски истражувачи направија огромен чекор во третманот на парализа предизвикана од повреди на ‘рбетниот мозок. Студија објавена во престижното списание Nature открива дека целосно парализиран човек успеал повторно да стои и оди благодарение на само една инјекција на репрограмирани матични клетки!

 

Научно чудо во Јапонија: Парализиран човек повторно прооди со инјекција на матични клетки!

 

Како функционира терапијата со iPS-клетки?

Истражувањето го водел професорот Хидејуки Окано од Универзитетот Кеио во Јапонија, а во клиничките испитувања учествувале четворица постари пациенти. Сите тие имале повреди на ‘рбетниот мозок и биле целосно парализирани пред да ја примат инјекцијата.

 

Како функционира терапијата со iPS-клетки?

 

Пациентите добиле доза од два милиони индуцирани плурипотентни матични клетки (iPS-клетки), добиени од кожа или крвни клетки од возрасен донор. Овие клетки, со помош на четири специфични гени, биле репрограмирани за да стекнат способност да се трансформираат во кој било тип на клетка во човечкото тело – што ги прави клучен ресурс за регенерација на оштетеното ткиво.

Технологија наградена со Нобелова награда

Технологијата за репрограмирање на клетките е дело на јапонскиот научник Шинја Јаманака, кој за ова откритие ја доби Нобеловата награда во 2006 година. Со оваа метода, клетките се „враќаат“ во својата ембрионска состојба, со што добиваат неверојатна способност за регенерација на оштетени делови од телото.

 

Технологија наградена со Нобелова награда

Резултати што ја шокираа науката

Резултатите од експериментот се неверојатни – еден од пациентите сега може самостојно да стои, а друг делумно ја вратил подвижноста на рацете и нозете. Научниците истакнуваат дека половина од учесниците во испитувањето покажуваат значителни подобрувања во моторните функции.

 

Резултати што ја шокираа науката

Безбедноста на терапијата

Едногодишното следење на пациентите не покажало сериозни несакани ефекти од инјекцијата со iPS-клетки, што дава огромна надеж за иднината на третманот на парализа.
Овој неверојатен пробив би можел засекогаш да ја промени медицината и да им даде нова надеж на милиони луѓе низ светот!

 

Безбедноста на терапијата

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *