Свежа, убава, сочна - летни комбинации во бојата на праската

13 јуни 2024

Едно од омилените овошја во летниот период е праската. Сочна, слатка, ароматична – одлично освежување и извор на витамини кога времето е топло.

Токму затоа денес ја одбравме оваа нијанса за нашиот фото водич – летен стајлинг во праска боја.

Од широки панталони и здолништа, до комотни фустани и интересни кроп маички ја имаме речиси на секое парче облека.

Убаво се спојува со белата, светло крем па дури и црната, но и сама по себе е доволна и сосема добро прилега на секоја дама.

Ако сте и вие од оние кои ги сакаат пастелните нијанси погледнете ги нашите летни идеи за инспирација во праска боја.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
13 јуни 2024
Категорија: 
Тренд