• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фидан и Лавров разговараа за Украина, Сирија и Газа на Форумот во Анталија

Фидан и Лавров разговараа за Украина, Сирија и Газа на Форумот во Анталија

Анталија, 12 април 2025 (МИА) – Министерите за надворешни работи на Турција и Русија, Хакан Фидан и Сергеј Лавров, денеска разговараа во Анталија за клучни прашања од меѓународната политика, вклучително и ситуацијата во Украина, Сирија и Појасот Газа, јави Анадолија.

Средбата се одржа на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, чиј глобален комуникациски партнер е агенцијата Анадолија.

Според дипломатски извори, двајцата министри разговарале за билатералните односи, енергетската соработка, безбедноста на пловидбата во Црното Море и напорите за постигнување прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина.

Дополнително, биле разгледани и најновите случувања во Сирија и ситуацијата во Газа. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан