Внатрепартиски избори во СДСМ и политичките состојби во земјата
Наскоро ќе има нови информации во врска со истрагите за Модуларната болница , Ласкарци и Беса Транс а за тоа на лидерската разговарале и премиерот Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче . Мицкоски и денеса одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа биле едни од главните теми за кои дискутирале со Филипче но и порача дека одговорност мора да има за секој кој што се огрешил поред законот.
По ваквите најави од ОЈО пак денеска се воздржаа од политички коментари но само кратко велат дека се работи за различни предмети отворени и почнати во различни временски периоди .
И додека од Илинденска и Бихаќка веќе информираа за дел од темите за кои дискутирале лидерите на двете најголеми партии во јавноста се погласни се шпекулациите за евентуално или можно излегување на Таравари од владината коалиција поради одредени несогласувања со неговите коалициски партнери од Вреди премиерот Мицкоски и денеска порача дека владината коалиција е стабилна и имаат приближно две третини парламентарно мнозинство . Не пропушти прилика да одговори и на обвинувањата на ДУИ за како што велеа моноетничката лидерска но и обвинувањата дека како што велеа правата и статусот на албанците во земјата се вратени во периодот пред 2000 та година . Мицкоски ги упати интегративците да се вратат на како што рече зелената агенда и да не ги отвараат етничките прашања само кога се во опозиција.