Македонија

Палевски ќе одговара што според него правел дента кога е убиена Вања

Денеска продолжува судењето за убиства та на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Исказ ќе дава првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Тој прво ќе одговара на прашањата од неговиот бранител, Јовица Страшевски. Меѓудругото, остана неодговорено прашањето каде бил на 27 номеври 2023 година, денот кога е убиена Вања Ѓочевски, а откако претходно даде свое објаснување што правел на 22 ноември 2023 година кога според обвинението е убиен Панче Жеовски

Тој ќе одговара и на прашања од обвинителство, а ако остане простор и време, и на прашањата од обвинетите и нивните адвокати.

На претходното рочиште, Палчо негира дека ги извршил убиствата за кои се товари. Тој ги нападна и навредуваше новинарите а го обвини и ексминистерот Спасовски.

„Ниту сум монструм, ниту убиец, јас сум под линч од портали контролирани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а киднапиран од Кривичниот суд”, рече Палевски.

На почеток