Активистите кои се залагаат за бојкот веруваат дека тоа ќе изврши притисок врз американската администрација.
Вакви движења се појавија и во Шведска, каде што беа организирани преку Фејсбук. На оваа платформа се основани групите „Boykot varer fra USA“ која има 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“ со повеќе од 70.000 корисници.
Швеѓаните повикуваат на бојкот на производите и услугите од познатите американски брендови, како Мекдоналдс, Кока-Кола, Најк, Левис, Нетфликс, Гугл и Ербнб.
Јаник Кохинур, основач на групата „Бојкотирам американска стока“, објасни дека тоа го направила затоа што не можела директно да влијае на американските избори или да протестира на американските улици, па сметала дека тоа е нејзин начин да направи разлика.
На нејзината страница корисниците споделуваат препораки за алтернативи на американските производи, но некои од нив сметаат дека бојкотот е многу тежок.
-Тешко е бидејќи сѐ е под влијание на Америка. Би било неопходно да се бојкотира речиси сè“, напишал еден член на групата.
Друг член призна дека ја разбира иницијативата, но нагласи дека е тешко да се убедат луѓето да не купуваат американски производи, бидејќи многумина при купувањето не размислуваат за потеклото на производот.
Кохинур, сепак, беше критикувана за основањето на групата на социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки гигант Мета. Сепак, таа истакна дека во моментов нема подобра алтернатива, и дека луѓето ќе мора да се прилагодат кога ќе се појават нови алтернативи, пренесува Klix.ba.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата