свет

Силна песочна бура го погоди Јужен Ирак предизвикувајќи им здравствени проблеми на стотици граѓани

Бурата го зафати градот Басра, значително намалувајќи ја видливоста и отежнувајќи го сообраќајот на патиштата. Според властите, голем број жители со респираторни проблеми биле хоспитализирани за медицински третман.

Ekip  | 15.04.2025 - Обновена : 16.04.2025
Силна песочна бура го погоди Јужен Ирак предизвикувајќи им здравствени проблеми на стотици граѓани

БАСРА (АА) — Силна песочна бура денес го погоди јужниот дел на Ирак, сериозно нарушувајќи го секојдневниот живот и влијаејќи врз здравјето на населението, соопштија локалните власти и здравствените институции, јавува Анадолу.

Бурата го зафати градот Басра, значително намалувајќи ја видливоста и отежнувајќи го сообраќајот на патиштата. Според властите, голем број жители со респираторни проблеми биле хоспитализирани за медицински третман.

Здравствените служби информираа дека повеќе од 1.000 луѓе во централниот и јужниот дел на Ирак се пожалиле на проблеми со дишењето. Само во провинциите Дхи Кар и Басра најмалку 530 лица побарале лекарска помош поради тешкотии со дишењето.

Густ портокалов облак ја зафати јужната област, намалувајќи ја видливоста на помалку од еден километар. Како мерка на претпазливост, аеродромите во Наџаф и Басра привремено беа затворени поради лошата видливост и небезбедните услови за летање.

Ирак често се соочува со вакви екстремни песочни бури, кои се резултат на пустинска експанзија, долготрајна суша и опаѓање на количината врнежи. Обединетите нации го вбројуваат Ирак меѓу петте земји најподложни на климатските промени, наведувајќи ги како главни закани екстремните временски услови, песочните бури, растечките температури и недостигот на вода.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın