Бизнис

ДЕКЕМВРИСКИ РАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ЕВРОЗОНАТА

02.02.2025

Сезонски приспособената стапка на невработеност во еврозоната благо порасна во декември од рекордно ниско ниво од 6,2 отсто во ноември на 6,3 отсто, објави Евростат.

Во Европската Унија, стапката на невработеност исто така благо порасна во декември, од 5,8 отсто во ноември на 5,9 отсто.

Евростат проценува дека приближно 12,97 милиони луѓе биле невработени во ЕУ во декември, од кои речиси 10,83 милиони биле во еврозоната.

Во споредба со ноемврискиот извештај, невработеноста пораснала за 94.000, а  во ЕУ за 96.000 во еврозоната.

Во однос на декември 2023 година, невработеноста се намалила за 261.000 во ЕУи за 266.000 во еврозоната на годишно ниво.

Висока невработеност е забележана во Шпанија 10,6 отсто, Грција 9,4 отсто, Финска 8,6 отсто, додека ниски стапки на невработеност се регистрирани во Чешка од 2,6 отсто, како и во Малта и Полска по три отсто, пренесува „Телеграф“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО