Дури 128 прекршоци за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење констатирале вчера полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
На патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен 42-годишен скопјанец кој управувал патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и 54-годишно лице од Охрид затоа што управувал патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час.
Лицата биле задржани во Полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик.
