22.04.2025 07:58
Вести Македонија

Средба на македонската и американската делегација во ПС НАТО

На маргините на состанокот на Постојаниот комитет на ПС НАТО, беше реализирана средба на македонската и американската делегација во ПС НАТО, претставена од шефовите и замениците шефови на двете делегации: пратениците Драган Ковачки, Антонијо Милошоски, конгресмените Мајкл Тарнер и Линда Санчез.

Разговорите, како што информираат од собраниската прес-служба, се фокусираа на актуелните безбедносни состојби, остварувањето на обврските на земјите-членки на НАТО во исполнувањето на целите за военото усовршување и одвојување на повисок процент за модернизација на националните одбранбени капацитети. Се разговарало и за перспективите на Алијансата во контекст на евентуални безбедносни предизвици и потребата за нивно соодветно пресретнување.

Делегациите, се вели во соопштението, споделиле и видувања за мировниот процес за Украина, со очекувања за завршување на војната во што пократко време, со потпишување на одржлив мировен договор. Во светло на петгодишнината на членството на нашата земја во НАТО, беше реафирмирана натамошната поддршка од страна на САД, во контекст на Стратешкото партнерство. Беше поздравена улогата на нашата земја како кредибилен НАТО сојузник во зачувувањето на регионалната стабилност.

Американската делегација се заблагодари на срдечниот прием во Собранието и упати честитки за успешно организираниот состанок на Постојаниот комитет на ПС НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франциск, папата од народот кој се обиде да ја реформира Римокатоличката црква

Дејан Дејан

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе