Ивановски во 24 анализа: Царините кои ќе ги воведе Трамп нема да и донесат предност на Америка

Амбасадорот Јон Ивановски во 24 анализа рече дека големиот внатрешен пазар во Америка му дава можност на Трамп да воведе царини кон останатите држави во светот. Според него, предност од воведувањето на царини нема да има ниту една држава вклучувајќи ја и Америка.

„Америка би требало да биде најкомотна со воведувањето на вакви царини бидејќи имаат голем внатрешен пазар и се обезбеднени да не се подлежат на ефекти од ваква акција. Првите царини на Трамп за време на првиот мандат се покажаа како неефикасни бидејќи имаа спротивен ефект и веројатно и овие царини ако не се некој преговарачки маневр во неговата политика, ќе бидат лоши за глобалната економија. Ретки се државите што би можеле да видат предност од оваа ситауција. И Америка не би видела предност. На ваков начин се губи авторитетот на најразвиената држава и она што е во линија, генерлано е потценување на меѓународните организации. Ова е директен напад на идејата за Светска трговска организација. Ја нападна и Светската здравствена организација во време на ковид пандемијата и тогаш се виде дека неговите предвидувања се погрешни можеби затоа и изгуби бидејќи не веруваше во најголемата светска закана“, рече Ивановски.

Тој зборуваше и за тоа дека треба да се даде фокус на македонската економија односно, како што објасни, треба да се прават детални анализи со цел да се одреди правецот по кој се движиме.

„Она што треба да се каже за нас е дека не се познаваме самите себе, нашата економија е сменета и ние не знаеме како функционира нашата економија. Не постојат анализа за тоа во кој правец одиме и многу загубивме со тоа што не влеговме во преговори со ЕУ, тоа ќе беше тест и за нас и за нив и ќе знаевме каде да се движиме за да имаме напредок. Нашиот извоз во Америка е мал, го изгубивме тој пазар и е безначаен во нашата извозна шема“, додаде Ивановски.