• Горан Упале

Некогашниот редовен прволигаш, а сега претпоследен тим на табелата во Втората македонска фудбалска лига, Борец назначи нов тренер на првиот тим.
Велешкиот тим од „калта“ ќе го вади искусниот Горан Симов, кој со оглед на ситуацијата во тимот пред себе ќе има тешка задача во пролетниот дел од шампионатот.
Симов во досегашната тренерска кариера водеше три клуба во ПМФЛ. Започна како предвнодник на Силекс, со кого го освои и Купот на Македонија, а потоа беше на чело на Вардар и Македонија Ѓорче Петров.
По есенската полуетапа Борец се наоѓа на претпоследното петнаесетто место на табелата со пет освени бода и ќе го чека тешка борба за опстанок во Втората македонска фудбалска лига.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.