Најдете љубов на „вибер“

Rakuten Viber објави возбудлива вест – корисниците во Србија и Босна можат да се пријават на листата на чекање за раниот пристап до Viber Dating, нова услуга што го проширува екосистемот на супер-апликацијата Viber.

Оваа иновативна платформа им овозможува на корисниците да создаваат нови врски и да истражуваат можности за поврзување со други луѓе во безбедна и сигурна средина.

За да се пријавите на листата на чекање за Viber Dating, корисниците на најновата верзија на апликацијата треба да ја одберат опцијата „Повеќе“, означена со три точки на дното од екранот. Во делот „Viber Dating Beta“, ќе ја видат својата профилна слика, а со клик на оваа опција ќе им се отвори можноста „Придружи се на листата на чекање“.

На овој начин, корисниците од Србија и Босна ќе бидат меѓу првите што ќе ја испробаат услугата Viber Dating штом таа стане целосно достапна – веќе за неколку недели!

Дополнителни детали за услугата ќе бидат достапни по нејзиното целосно активирање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни