Оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов помина на владина седница.
Одлуката треба да биде објавена во „Службен весник“, по што Советот на општината ќе назначи в.д. градоначалник на Кочани.
Папазов, кој моментално е во притвор, веднаш по страшниот пожар во дискотеката Пулс каде загинаа 59 лица и над 200 беа повредени, си поднесе неотповиклива оставка.
Тој воопшто не се појави во јавноста, а оставката ја објави преку својот Фејсбук профил.