Регион

Хрватска: Отворена нова „Бипа“ продавница во Загреб

28 Jan 2025

На својот профил на Линкедин, „Бипа“ соопшти дека отвориле нова продавница во Света Клара во Загреб на адреса Утињска 106.

Во 2025 година, продолжуваме со нашата цел да им обезбедиме на клиентите најдобро можно искуство за купување, што не води кон постојано подобрување и проширување на нашите простори. Затоа подготвивме специјални понуди и промоции за нашите лојални клиенти по повод ова отворање. Првите впечатоци од нашите клиенти се повеќе од позитивни и со нетрпение очекуваме понатамошна работа и средба со нив. Ни претстои возбудлива година!, соопштуваат од „Бипа“.

За време на отворањето за купувачите беа подготвени посебни поволности, како попусти на бројни производи за нега, убавина и домаќинство и купон за попуст од 15% за набавки над 20 евра.

 

 

Извор/Фото: „Бипа“/  Linkedin



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...