Зимата не е готова, УХМР најавува температури под нулата

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопјен претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. И во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Трамп не се шегува за Гренланд,…
Рускиот претседател Владимир Путин за време на…
СДСМ ќе ги искористи сите механизми во…
СДСМ ќе ги искористи сите механизми во…
Левица: Од 13 само две дискотеки во…
На територијата на Град Скопје од 13…
Речиси сите скопски ноќни клубови не ги…
Деновиве повеќе ноќни клубови во Скопје се…
Ватикан: Папата продолжува да управува со црквата,…
Папата Франциск ќе продолжи да ја води…