Бизнис
АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ СЕ ЗАКАНА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ДИЈАМАНТИ ВО ИНДИЈА
06.04.2025
Новите високи американски царини се закануваат да го загрозат извозот на скапоцени камења и накит од Индија, што ги доведува во опасност работните места на илјадници работници во тој сектор, пред се во областа Сурат, каде што се полираат дијамантите, објави Ројтерс.
Соединетите држави, каде се продаваат повеќе од 30 отсто од индискиот извоз на скапоцени камења и накит, неделава воведоа реципрочна царина од 27 отсто на производите од Индија. Ова е во време кога побарувачката за индискиот слабее на другите клучни пазари како Кина, Блискиот Исток и Европа.
- Новите царини негативно ќе влијаат на побарувачката за дијаманти во САД, така што губењето на работните места се чини неизбежно, барем на краток рок, рече Динеш Навадија, претседател на Институтот за дијаманти во Сурат во Индија.
Повеќе од 80 отсто од необработените дијаманти во светот се обработуваат и полираат во вториот по големина град во Гуџарат.
САД годинава увезле скапоцени камења и накит во вредност од речиси 10 милијарди долари од Индија, што е околу 30,4 отсто од извозот на земјата, пренесува Б92.
фото freepic