Бизнис

КОЛКУ ЌЕ ЗАГУБИ ГЕРМАНИЈА ОД ЦАРИНИТЕ ЗА ИЗВОЗ ВО САД?

31.03.2025

Трговските тарифи за увезените возила, најавени  од американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле да доведат до голем пад на извозот на германски автомобили во САД, според пресметките на меѓународната компанија Дилоит со седиште во Минхен.

Извозот на возила и автоделови од Германија во САД, каде автомобилскиот сектор е клучен столб на економијата, би можел да падне до 29 отсто. Тоа би одговарало на пад на продажбата од 8,2 милијарди евра (8,84 милијарди долари).Тарифите од 25 отсто стапуваат на сила на 3 април. Пресметките се базираат на податоците од Проектот за глобална анализа на трговијата, меѓународна истражувачка мрежа за анализа на трговските текови.

Минатата година германските производители продале 1,3 милиони автомобили во САД. Германските производители на автомобили кои веќе имаат свои фабрики во САД не можат едноставно да пренесат повеќе производство таму, тврди тој, бидејќи американските фабрики веќе работат со 70 отсто капацитет, пренесува  Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО