Македонската женска репрезентација го доживеа и третиот пораз во третиот натпревар од Групата 6 во Ц-Лигата на нации на УЕФА.
Македонските девојки овој пат загубија со 3-0 на гостувањето од селекцијата на Косово.
Стрелци на головите за триумф на Косово беа Биќкај во 50. и во 66. минута, како и Мемети во 85. минута од натпреварот.
Во групата во која е уште и репрезентацијата на Летонија, Македонија е последна без бодови. Летонија е прва со 6 бода од два натпревари, а Косово исто така има 6 бода, но од три одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА