
ВМРО-ДПМНЕ: Почна исплатата на зголемените плати во здравството
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Април 2025

„Со априлската плата за месец март, здравствените работници го добија ветеното зголемување на платите од 2500 денари!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со многу труд, работа и посветеност, платите во јавното здравство заедно со зголемувањето во ноември минатата година, достигнавме зголемување од 4815 денари, додека пак за медицинските сестри, платите се зголемија за 6200 денари!
Моментално, просечната плата во јавното здравство изнесува над 50 илјади денари. Ова се должи на октомвриското зголемување од 10,49%, а додека пак кумулативно ќе достигне дури 17,18%!
За разлика од периодот од 2021-2023 кога реалниот раст изнесуваше само 3,8%, сега здравствените работници, добиваат реален раст на нивните плати од 9,4%.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира своите ветувања и работи за зголемување на платите во сите сектори!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
