ВИДЕО: Хернандез испиша историја, Милан по пресврт го доби Комо

По ремито со Каљари од пред само три дена, фудбалерите на Милан не дозволија нов кикс во Серија А и запишаа минимална победа на гостувањето кај незгодниот Комо. Тимот предводен од Фабрегас прв зададе удар против големиот фаворит, но не успеа да го сочува водството и на тој начин Серџо Консеисао ја впиша првата победа во италијанскиот шампионат како тренер на Милан.

Првото полувреме не донесе поголеми возбудувања и на пауза се замина со почетниот резултат, но затоа во второто актерите на теренот тргнаа по трите бода и тоа резултираше со три постигнати гола. 

Првиот беше дело на Диао по точно еден час игра. Младиот шпански ас, кој во Комо пристигна пред нешто повеќе од една седмица, со својот деби гол донесе домашна радост и водство на својот нов тим од 1-0.

  • Извештај од натпреварот:

Но, само единаесет минути подоцна Тео Хернандез одново ги покажа своите голгетерски способности и израмни на 1-1. За левиот бек на Милан ова беше вкупно триесетти гол во дресот на „росонерите“ и со тоа го помина Паоло Малдини на вечната листа на стрелци за Милан, се разбира кога во прашање се играчи од последната линија. Комо уште несоземен од погодокот на францускиот бек повторно капитулираше, откако конечните 1-2 ги постави Рафаел Леао

Состави

Сеск Фабрегас

3-4-2-1

    Серџо Консеисао

    4-3-3