живот

Бамбусовата шума Арашијама во Кјото омилена дестинација за посетителите

- Оваа природна атракција, позната и како Бамбусова шума „Сагано“, претставува една од омилените дестинации за посетителите во регионот.

Aida Cako  | 26.03.2025 - Обновена : 26.03.2025
Бамбусовата шума Арашијама во Кјото омилена дестинација за посетителите

КЈОТО (АА) - Бамбусовата шума која се наоѓа во Арашијама, област на западната периферија на Кјото, Јапонија, е едно од најневеројатните природни места во Јапонија, јавува Анадолу.

Оваа природна атракција, позната и како Бамбусова шума „Сагано“, претставува една од омилените дестинации за посетителите во регионот.

Шумата главно се состои од мосо бамбус (Phyllostachys edulis) и има повеќе патеки кои се отворени за туристите и посетителите.

Еден од најинтересните факти за Бамбусовата шума „Сагано“ е звукот што го создава ветрот додека дува меѓу бамбусот.

Овој звук е изгласан како еден од „стоте звуци на Јапонија кои мора да се зачуваат“ од јапонската Влада.

Лоцирана во близина на храмот „Тенрју-џи“, кој е седиште на школата „Ринзаи“ на зен-будизмот, како и светилиштето „Нономија“, шумата претставува значајно културно и духовно место.

Покрај природната убавина, посетителите можат да уживаат во традиционалните јапонски градини, древните храмови и културните знаменитости што ја опкружуваат оваа иконска дестинација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın