Избраниот пратеник на Ветевендосје, Албин Курти, поднесе оставка од премиерската функција непосредно пред да ја положи заклетвата како пратеник, јавуваат косовските медиуми.
Ова го наведува во писмото упатено до Секретаријатот на Собранието на Косово.
Врз основа на законот, оние кои ќе го добијат мандатот за пратеници и доколку се дел од Владата на Косово, односно имаат извршна функција како што се: премиер, вицепремиер, министер или дури и заменик министер, мора да поднесат оставки од своите владини функции.
Тоа е затоа што, според правилата, тие не можат истовремено да бидат пратеници и дел од извршната власт.
Во косовското Собрание денеска се одржува конститутивната седница, пратениците од законодавниот дом ќе положат заклетва, а на дневен ред е изборот на претседател на Собранието.
Д. Т.