Голем број граѓани во Нови Сад вечерва се собраа да ги пречекаат студентите. Беше развиен огромен транспарент на кој пишуваше „Па каде сте белграѓани?“, пренесува Н1.
Булеварот Михајло Пупин, кој води до Варадинскиот мост е полн со луѓе, речиси до зградата Бановина. Граѓаните оставија премин за да имаат студентите каде да поминат. На овој пат тргнаа и студенти од Универзитетот во Нови Сад, каде ги пречекуваат своите колеги од Белград.
Граѓаните ги вклучија блицовите на телефонот и така го осветлија булеварот Михајло Пупин.
Студентите од белградските факултети кои се во блокада, од четвртокот наутро се упатија пешки од Белград до Нови Сад, со цел да им дадат поддршка на новосадските колеги во блокирањето на сите три моста во тој град, одбележувајќи три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад при што загинаа 15 лица.
Ј. Ѓ.