Анчелоти сведочеше на суд: Никогаш не мислев дека тоа би можело да биде измама

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги отфрли обвинувањата за измама и проневера за време на неговото сведочење на судскиот процес што започна утринава. Италијанскиот стручњак е обвинет за даночна измама од над милион евра во две последователни фискални години за време на неговиот прв мандат на чело на Мадрид.

Обвинителството пред неколку дена официјално го обвини и побара четири години и девет месеци затвор за менторот, како и парична казна од над 3 милиони евра покрај плаќањето на целата сума од нешто над 243 илјади евра данок плус уште 47 илјади од европската валута за камата.

„Кога Реал Мадрид ми ги понуди овие услови, повикувајќи се на имиџ правата, го контактирав мојот советник за да се консултирам, и после тоа никогаш повеќе не се грижев за ова прашање. Мислев дека се е во ред. Бев загрижен само за собирање на шест милиони евра нето во текот на трите години и никогаш не мислев дека нешто не е во ред. Никогаш не сум добил никакво известување од надлежните, ниту дека сум предмет на истрага на обвинителството. Не мислев дека нешто не е во ред. Никогаш не ми ни падна на ум дека ова може да биде измама. Иако сум тука, сега мислам дека можеби не беше се како што треба“, им рече Анчелоти на судиите.

Самиот италијански тренер беше придружуван од сопругата Маријана Барена по неговото пристигнување на суд утринава, демонстрирајќи доверба во неговата невиност. На новинарите кои чекаат им порача дека не планира да се договори со обвинителството.

Слични содржини