ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лице од обезбедувањето на Мицкоски заврши во притвор

Објавено во: Македонија 01 Април, 2025 21:11
ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР
Полицаецот од Шестата управа во Министерството за внатрешни работи, Ангел Сарамаков, кој бил и дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски веќе е во притвор во КУП Затвор Скопје, потврди директорот на установата, Бобан Утковски.
Скопскиот кривичен суд му одреди 30 дневен притвор на Ангел Сарамаков, кој е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“.
НЕМА ВЕЌЕ ПИРОТЕХНИКА ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР
Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако беше усвоен заклучокот да се поддржи, во рамки на 42-тата седница, предлогот ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија.
Предлогот со кој се интервенира во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир е резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март во кој загинаа 59 млади луѓе и околу 200 беа повредени.ЗАКРЕПНАА 93 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ
Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување. Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти, а подобрена е состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба, информира изутринава министерот за здравство Арбен Таравари.
-Имаме добри вести. Вкупно од 193 пациенти остануваат за среќа само 100 пациенти кои се лекуваат, од кои за среќа денеска имаме само тројца критични. Во Македонија се лекуваат 20 пациенти. На Клинички центар петмина, во Стара градска седуммина, петмина во ГОБ ‘8 Септември’ и тројца во приватните болници. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денеска се враќаат уште двајца пациенти - еден од Полска и еден од Белгија, кажа Таравари.ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА МИНИМАЛЕЦ ОД 500 ЕВРА ЗА НЕГО И ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЗА ЕДНА ГОДИНА
Слободан Трендафилов oд Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) предлага уште утре да се донесе закон со кој една година сите избрани и именувани функционери, вклучително и тој да земаат минимална плата од 500 евра.
ССМ утре ќе излезе на протест пред Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 500 евра.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Веројатно најдобра вест за акционерите и потенцијалните инвеститори е тоа што кредитните обврски на „Фершпед“ лани се намалени за 80 проценти, а неговите вкупни обврски се намалени за 16 отсто и се помалку од 4,8 милиони евра. Приходите на „Фершпед“ годинава се проектирани со раст од 3 проценти до износ од 85 милиони евра
Можеби ќе ве интересира
КРИТИЧНИТЕ ПАЦИЕНТИ ОСТАНУВААТ ВО ТАКВА СОСТОЈБА, КАЈ ДРУГИТЕ НЕМА ПРОМЕНИ - најнов билтен од Министерството за здравство

„ЈАС СУМ САМО ЕДЕН НЕЗАВИСЕН СОВЕТНИК, НО САКАМ ДА БИДАМ СО МОИТЕ СОГРАЃАНИ ВО ОВИЕ НАЈТЕШКИ ВРЕМИЊА“ - Венко Крстевски се кандидира за в.д. градоначалник на Кочани

ПИШУВА ТУЖБИ ЗА ЛАГИ И КЛЕВЕТИ: на листата на Петар Богојоски има партии, политичари, но и „самонаречени“ новинари

НОВИ АПСЕЊА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, ИСТРАГАТА СЕ ПРОШИРУВА ЗА 23 ЛИЦА - дали се уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини и Беким Незири

„ДОБРО БЕ, АМАН, ЗНАЕМЕ, ТИ И АНДРЕЈ“ - жестока критика на Роберт Милески до Врчак: Зошто не се споменуваат и другите жртви од трагедијата

„ЕНЕ ЈА ТРЕСКА ШО И ФАЛИ“: Ина Многуфина распали за потрошувачката кошница 'манго и папаја е нормално за Влада бидејќи расте кај Валандово'

„ТОА ТРЕБА ДА ГО ПРАШАТЕ ТАРАВАРИ“: Меџити пред средбата на лидерите на партиите дел од коалицијата „Вреди“ - Таравари вели нема поделби

„ГО ВОЗНЕМИРУВАМ ЧОВЕКОТ КОЈ СМЕТАМ ДЕКА Е НЕПРАВЕДНО ОСУДЕН“ - еве што порача Палевски од судницата
„НЕ МОЖЕ ДА ДОДРЖИ ОБВИНЕНИЕТО КОН АЛЕКСАНДАР“: Туфегџиќ по денешното судење укажа дека имало 'понижувачки однос' кон таткото на Вања
