Достапни линкови

 
САД повикуваат на избори во Украина: чекор кон мир или подарок за Путин?

САД повикуваат на избори во Украина: чекор кон мир или подарок за Путин?


Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володомир Зеленски (комбо фотографија)
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володомир Зеленски (комбо фотографија)

Ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за брзо завршување на руската војна против Украина доби нов пресврт кога неговиот специјален пратеник Кит Келог рече дека администрацијата би сакала Киев да одржи избори, потенцијално оваа година, особено ако се договори примирје.

Забелешките на Келог го носат до израз ова чувствително прашање во украинската политика, во перид кога се зголемуваат напорите на Соединетите Држави за почеток на мировните преговори и додека Кремљ се обидува да го дискредитира украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдејќи дека е нелегитимен.

Во интервју за Ројтерс на 1 февруари, Келог рече дека изборите во Украина „треба да се случат“ и може да се одржат по договор за прекин на огнот, нешто што тој рече дека може да се постигне во рок од неколку месеци.

„Повеќето демократски нации имаат избори во време на војна. Мислам дека е важно да го направат тоа. Мислам дека тоа е добро за демократијата. Тоа е убавината на солидна демократија, да имете повеќе од една личност потенцијално да се кандидира“.

Трамп, кој за време на кампањата рече дека ќе стави крај на војната дури и пред неговата инаугурација доколку биде избран, не кажа како се надева да го заврши тоа. Но, тој сугерираше дека ќе го користи пристапот „морков и стап“ и со Киев и со Москва за да ги седне на маса.

Михаил Алексеев, политиколог од Државниот универзитет во Сан Диего, кој се фокусира на Русија и Украина, рече дека администрацијата на Трамп веројатно го покренала прашањето за изборите со надеж дека тоа би можело да го олесни преговарачкиот процес. Но, тој рече дека тоа може да и оди во прилог на Русија, нарекувајќи го „опасен политички трик од страна на Кремљ“.

Путин постојано повторува дека Москва е отворена за разговори, но многу експерти се сомневаат дека тој нема да дејствува со добра волја и дека би ги искористил сите преговори за да прикаже имиџ на кооперативен играч, додека купува време за дополнително подобрување на позицијата на Русија на теренот во Украина, каде што со месеци има придобивки - иако по огромна цена за загубени човечки животи.

„Ако Путин може да ја влече американската администрација уште неколку месеци, тогаш може да добие повеќе придобивки на бојното поле“, смета Алексеев.

Путин постојано изјавува дека Володомир Зеленски нема да има овластување да потпише мировен договор, тврдејќи дека е нелегитимен бидејќи неговиот пет мандат требаше да заврши во мај 2024 година.

Но, уставот на Украина ѝ забранува да одржува избори во воена состојба, која беше наметната од Зеленски кога Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година“ и која се продолжува како што се подолжува и инвазијата.

Како и да е, Украинците дебатираат за заслугите за одржување на претседателски избори од 2023 година, кога разговорите беа „обоени“ од западниот притисок и руската пропаганда.

Американскиот сенатор Линдзи Греам, републикански сојузник на Трамп, отпатува во Киев во мај истата година и го повика Зеленски да продолжи со изборите според предвиденото, бидејќи републиканската опозиција за понатамошна помош се зголеми во Конгресот пред месечната блокада што ја погоди позицијата на Киев на бојното поле, каде неговите сили во голема мера се потпираат на американското оружје.

Во тоа време, многу Украинци, вклучително и опозициски лидери и групи на граѓанското општество, се изјаснија против одржување избори за време на војна, предупредувајќи дека тоа ќе го подели општеството во критичен период од неговата историја. Тие, исто така, рекоа дека тоа ќе ги доведе во опасност животите на луѓето, истакнувајќи го постојаното гранатирање на цивили од страна на Русија.

Има многу други прашања со кои ќе се соочи Украина доколку се обиде да одржи избори за време на војна, па дури и кратко време по прекинот на огнот.

Повеќе од 6 милиони избегаа во странство, скоро 4 милиони се внатрешно раселени, а околу 1 милион служат во вооружените сили, што ја комплицира нивната способност да гласаат. Сите заедно претставуваат околу една четвртина од населението.

„Избори и војната од целосен обем се некомпатибилни. Оваа идеја е крајно опасна и ќе доведе до губење на легитимитетот и на процесот и на избраните органи, а со голема веројатност и до значителна дестабилизација на државата во целина. Ако конкурентна политичка борба е невозможна во воени услови, тогаш изборите дефинитивно не се слободни“, се вели во соопштението потпишано од 100 граѓански групи од септември 2023 година.

„Постои широко прифаќање на ситуацијата, така што да се тврди дека Зеленски не е легитимен авторитет е апсолутно бесмислено и апсурдно“, рече Алексеев.

Во интервју за националната телевизија од 2 јануари, Зеленски рече дека изборите се можни во 2025 година, но само по прекин на огнот.

А по коментарите на Келог, помошник на Зеленски за Ројтерс изјави:

„Aко неговиот план е само прекин на огнот и избори, тоа е пропаднат план – Путин нема да биде заплашен само од тие две работи“.

Зеленски и неговата влада велат дека моќните безбедносни гаранции за Украина би биле клучен услов за каков било прекин на огнот или мировен договор.

За време на посетата на Париз минатата недела, поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој загуби од Зеленски на изборите во 2019 година и е можен предизвикувач во идниот натпревар, ја отфрли идејата за одржување избори во услови на војна, велејќи дека единствениот „победник“ на такви избори ќе биде Путин.

Порошенко рече дека Путин ќе користи пропаганда за да ја поткопа Украина за време на изборната кампања.

Сергеј Жук, соработник во тинк-тенк центарот Вилсон во Вашингтон и професор на Универзитетот Бол Стејт во Индијана, ја сподели загриженоста на Порошенко. Во интервју за РСЕ, Жук рече дека Кремљ може да ја искористи својата моќна пропагандна машина и проруските елементи во Украина за да ја дестабилизира земјата за време на изборите.

„Се плашам дека на идните избори, со сите руски дезинформации, кои се многу ефективни, ќе организираат кампања против Зеленски и ќе победат. Тоа ќе биде второ предавање на грузиската контрареволуција“, рече тој, осврнувајќи се на подемот на авторитарна, проруска влада во Тбилиси по повеќегодишни непријателски односи со Кремљ.

Нетрпеливоста на Путин кон Зеленски е лична, според Жук.

Тој рече дека тоа само се продлабочило кога поранешниот комичар ја предводел одбраната на неговата земја против поголемата, подобро опремена руска војска, освојувајќи голем дел и засрамувајќи го лидерот на Кремљ, кој очекувал дека инвазијата ќе го избрка Зеленски од власт и ќе ја потчини Украина за само неколку недели.

Популарноста на Зеленски вртоглаво порасна во Украина, бидејќи неговите вооружени сили вратија делови од територијата од Русија во есента 2022 година. Но, со оглед на тоа што војната во целосен обем влегува во својата четврта година подоцна овој месец и Русија напредува на исток, популарноста на Зеленски опаѓа.

Жук и Алексеев го гледаат генералот Валериј Залужни, кој ја надгледуваше одбраната на Украина во првите две години од инвазијата, како најверодостојниот предизвикувач на Зеленски. Украинскиот претседател го отпушти популарниот генерал во февруари 2024 година по спор околу стратегијата, а локалните медиуми објавија дека Зеленски бил загрижен за неговите можни политички амбиции.

Алексеев сепак смета дека искачувањето на Залужни на претседателската функција нема да биде победа за Путин.

„Тоа нема да ја намали волјата на Украина за отпор“, уверува тој.

Сорботка на текстот-украинскиот сервис на РСЕ

XS
SM
MD
LG