Свет

Драстичен пад на пласманот на кинески ЕВ во Европа и во Северна Америка

Автор: Мирјана Јовеска

2 април 2025, 12:46

Вкупниот кинески извоз на ЕВ во февруари е намален за 18 проценти, на 92.625 возила

Извозот на кинески ЕВ во Северна Америка се намали за 97 отсто на годишно ниво, а во ЕУ за 41 отсто

Кина бара алтернативи, па извозот на ЕВ во Индонезија порасна за 79 отсто, а во Турција за 131 отсто

Драстичен пад на пласманот на кинески ЕВ во Европа и во Северна Америка

Bloomberg Mercury

Мирјана Јовеска

Се чини дека трговската војна си го прави своето. Најновите податоци на Царинската управа на Кина, кои се однесуваат за февруари, покажуваат дека оттаму речиси целосно запре извозот на електрични возила (ЕВ) во Северна Америка, иако мора да се напомене дека секако не станува збор за големи бројки за тој регион. Имено, во февруари од Кина биле извезени само 163 возила за регионот Северна Америка, што на годишна основа претставува пад на извозот од 97 проценти.

 

 

Значајно е опаднат кинескиот извоз на ЕВ и во Европа. Бројките покажуваат дека во февруари се испорачале 28.866 електрични возила, што претставува пад од 30 проценти во однос на истиот месец лани, додека конкретно кон земјите од Европската Унија биле испорачани 18.907 електрични возила, што е пад од 41 отсто.

Сепак, впечатокот е дека Кина бара алтернативни пазари за пласман на своите ЕВ со оглед на тоа што извозот во споменатиот месец во Африка е зголемен за 87 проценти, на 1.275 испорачани електрични возила.

Вкупно гледано, кинескиот извоз на ЕВ во февруари е намален за 18 проценти, на 92.625 возила.

На континентално ниво Азија е најголемиот увозник на електрични возила од Кина во февруари Bloomberg Mercury
 

 

Кога станува збор за поединечни земји, во моментов најголем пазар на Кина за пласман на тие производи е Белгија, дури и покрај драстичниот пад. Имено, во февруари од Кина во Белгија се извезени 10.105 возила, што е дури за 41 отсто помалку од истиот месец лани.

 

 

 

Од друга страна, расте увозот на кинески возила во други земји, како Индонезија, каде што во февруари стигнале 5.737 електрични возила, што е пораст од 79 отсто, или Турција со 3.781 увезено електрично возило, односно раст од 131 отсто. Особено е видлив, дури и неверојатен, растот на извезени електрични возила во Мексико. Таму Кина во февруари испорачала 7.847 возила, што е раст дури од 623 проценти. Ваквите бројки го сместија Мексико на четвртото место на листата на земји што се најголеми извозни пазари за кинеските електрични возила.

Текстот е напишан со помош на податоците објавени од „Блумберг њуз“ (Bloomberg News).

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

 

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите