Следете не

Хроника

Тага и горчина, Костадинов ја потврди лошата вест за членот од бендот на ДНК

Објавено пред

на

Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…

Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.

Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца, истакна на својата социјална мрежа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

ФОТО/Извор: Костадин Костадинов (facebook)

Хроника

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД

Објавено пред

на

ФОТО: Bruce Snyder (facebook)

Почина Агустин Ескобар, претседател и извршен директор на Siemens во Шпанија, заедно со неговата сопруга и трите деца. Тие се идентификувани како жртви на хеликоптерот што во четвртокот се урна во реката Хадсон во Њујорк, според Њујорк пост.

Веб-страницата New York Helicopter Tours објави фотографија од петчленото семејство како позира пред хеликоптерот Bell 206L-4 LongRanger IV.

Полицијата извести дека истиот ден семејството пристигнало на Менхетен од Барселона.

Идентитетот на пилотот останува непознат, а причината за падот е под истрага.

Прочитај повеќе...

Хроника

Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

Објавено пред

на

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот  Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1  од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Прочитај повеќе...

Хроника

ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште

Објавено пред

на

На 01.04.2025 во 18.25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко . Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.

Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза29 секунди

Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за понеделник (14 април)

ОВЕН Ќе бидете склони да се за inубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и...

Lifestyle21 час

Што се случува во вашето тело кога не пиете доволно вода?

Дехидрацијата може сериозно да влијае врз вашето здравје Недоволниот внес на вода има многу пошироки последици од само чувство на...

Магазин21 час

Nintendo Switch 2 доаѓа со поддршка за игрите GameCube

Со лансирањето на новата конзола Nintendo Switch 2, компанијата најавува и голема надградба на својата онлајн претплата. Од 5 јуни,...

Магазин21 час

Дали ја отстранувате футролата од телефонот кога го полните? Ако не – време е да почнете!

Се препорачува да се отстрани капакот (футролата) додека телефонот се полни, бидејќи може да го попречи ладењето на уредот и...

Магазин21 час

YouTube тестира тајмер што ве запира од бесконечно скролање Shorts

Ако редовно поминувате време на социјалните мрежи или видео платформите, голема е веројатноста дека сте паднале во стапицата – безумно...

Магазин21 час

Дали користите Apple Maps? Ова е добра вест за вас.

Apple го ажурираше својот документ за поддршка за веб-верзијата на Apple Maps, при што сега функцијата работи и на iPhone...

Магазин21 час

Instagram воведе нови ограничувања

Мета денеска објави дека корисниците на Instagram помлади од 16 години повеќе нема да можат да стримуваат или да гледаат...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (13 април)

ОВЕН Обидете се да ги контролирате своите емоции, особено ако веќе не сте сигурни како се чувствувате за поединци. Штом...

Кичево2 дена

(ГАЛЕРИЈА) Дечињата од Кичево за радоста од Лазаревото Воскресение

Радоста од Лазаревото Воскресение во Кичево, предвесник и предвкус на најголемата радост на Христовото Воскресение преку прекрасните фотографии низ објективот...

НАЈЧИТАНИ