Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, соопштија вечерва од АМСМ.
Како што посочуваат, сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода.
Од АМСМ известуват дека oд 20:05 часот е воведена забрана за сите видови возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан поради обилни врнежи од снег на коловозот.
Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“.
(ВИДЕО) На Стража и во Скопје врне снег поради новото заладување на времето