Бизнис
ПОСЛАБ РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА СПОРТСКАТА ОПРЕМА ВО ЕУ
05.04.2025
Годишната стапка на промена на цените на спортските добра и услуги во Европската Унија изнесува 5,2 отсто, што е за 0,9 процентни поени помалку во однос на 2023 година, објави Евростат.
Канцеларијата за статистика на ЕУ задолжена за статистика забележува дека цените на опремата за спорт, кампување и рекреација на отворено пораснале многу побавно во споредба со претходната година. Годишната стапка на промена во 2024 година била еден процент или 2,4 процентни поени помалку во споредба со претходната година.
Во текот на изминатата деценија, цените за спортски производи, кампување и рекреација на отворено значително флуктуираа, при што годишните стапки забележаа негативни вредности во 2014 и 2015 година, а потоа привремено се зголемија во 2016 година.
Цените се намалуваа три последователни години, од 2017 до 2019 година, пред да почнат да растат, достигнувајќи врв во 2022 година со раст од 3,8 проценти, пренесува Блиц.
фото freepic