Никола Јокиќ по пет натпревари пауза поради повреда се врати на терените со блескава партија во победата на Денвер над Милвоки Бакс 127:117. Тој мечот го заврши со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции, постигнувајќи 30-ти трипл дабл сезонава, најмногу во истиоријата на клубот.
Потегот на вечерта Јокиќ го испорача во третата четвртина со нестварна асистенција која предизвика одушевување во публиката.
JOKIC DIME OF THE YEAR???!
ARE YOU KIDDING ME. pic.twitter.com/hyYEnin3XS
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 27, 2025
Јокиќ е четврти играќ во историјата на НБА лигата со 30 трипл-дабл натпревари во една сезона. Вакво постигнување претходно имаат остварено Расел Вестбрук, Оскар Робертсон и Вилт Чембрлен.
Г.М.