Спорт
(Видео) МЛС му забрани на телохранителот на Меси да влегува на теренот

Американската МЛС лига одлучи да му забрани на телохранителот на Лионел Меси да влегува на теренот за време на натпреварите.
„Болавип“, наведува дека ваквата забрана е мотивирана од тоа што секој стадион има обезбедување на кое не му е потребна дополнителна помош.
Телохранителот на Меси неколку пати беше во центарот на вниманието, во ситуации кога фанови влегуваа на теренот за да се фотографираат со напаѓачот на Интер Мајами.
„Веќе не ми е дозволено да влегувам на теренот. Работев во Европа седум години, во Лига 1 и Лигата на шампионите. За тоа време, само шест луѓе влегоа на теренот. Откако дојдов во САД, имаше 16 обиди за само 20 месеци. Овде постои голем проблем. Проблемот не сум јас. Дозволите ми да му помогнам на Лео. Ја сакам МЛС, но мораме да работиме заедно. Сакам да помагам. Не сум подобар од никого, но имам искуство од Европа. Секако ја разбирам одлуката на лигата“, изјави Јасин Чеуко.
Sign Lionel Messi's security guard up for Trump security detail!
Wow!pic.twitter.com/5rLmy40fHx— Dana Simmens
(@simmens_dana) December 13, 2024
Телохранителот на Меси е поранешен припадник на специјалните единици на Армијата на САД со борбено искуство во Ирак и Авганистан, но и учесник во неколку ММА борби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Им се извинувам на сите што мораа да го гледаат ова“

Новак Ѓоковиќ (не)очекувано загуби на стартото на Мастерсот во Монте Карло. Втора пат во кариерата, Ѓоковиќ загуби од Чилеанецот АлехандроТабило (32 на АТП листата) со 6:3, 6:4.
Ѓоковиќ низ кариерата немал многу успеси во Монте Карло. Три пати турнирот го завршувал на почетокот, а ова е едниствениот Мастерс на кој има само две титули (2013 и 2015 година). Сите останати турнири од серијата 1.000 ги освоил најмалку три пати.
Против Табило, од кого загуби во Рим минатата година, исто така во два сета, Ѓоковиќ одигра ужасно. Според коментарите ова бил еден од најлошите мечеви во кариерата.
На почетокот на прес-конференцијата веднаш по мечот, Новак беше малку незадоволен од формулацијата на новинарското прашање кое гласеше: „Ова не е твојот најдобра ден?“.
„Најдобар праша Ѓоковиќ со насмевка, а потоа продолжи. „Тоа беше повеќе како најлошиот ден. Видете… Се надевав дека ова нема да се случи, но имаше голема веројатност дека ќе играм вака. Страшно. Страшно е чувството да се игра вака. Им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова”.
Ѓоковиќ не може да објасни зошто играл толку лошо и потворди дека не е повреден, бдејќи пред мечот се појавија информации дека има проблем со десната рака и окото.
Што се однесува до целта на земјена подлога, тој е јасен.
„Ролан Гарос. Да, тоа е се”.
Спорт
Подготвени нови договори, Салах и Ван Дајк ќе останат на „Енфилд“

Сагата околу новите договри на Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк ќе има среќен крај за навивачите на Ливерпул. Инсајдерот, специјализиран за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, објави дека Ливерпул подготвил нови договори за своите две најголеми ѕвезди.
„Не само што е подготвен новиот договор за Мо Салах, туку. Ливерпул исто така е уверен дека наскоро ќе постигне договор и со Вирџил ван Дијк, како што и се очекуваше.
Се очекува Салах и ван Дијк да останат во клубот“, напиша Романо.
Од друга страна, се очекува и едно заминување од клубот во летниот преоден рок.
„Трент Александар-Арнолд е блиску до преселба во Реал Мадрид“, напиша Романо.
Инсајдерот тврди дека се ќе биде официјализирано во ледните неколку дена.
Слах во Ливерпул дојде во 2017 година, а Ван Дајк една година подоцна. Двајцата учествуваа во освојувањето на Премиер лигата и Лигата на шампионите кога тренер беше Јирген Клоп.
Спорт
Гути: Реал нема кондиција, најголемите ѕвезди не се појавија на натпреварот

Фудбалската јавност во Шпанија го анализира дебаклот на реал во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Арсенал, вчера го прегази „кралскиот клуб“ со 3:0.
Еден од оние кои се разочрани од играта на Реал е Хозе Марија Гути. Човекот кој три пати ја освои Лигата на шампионите со Реал и одигра 387 натпревари помеѓу 1995 и 2010 година.
„Реал во ниту еден момент не ја контролираше играта. Анчелоти рече дека овој тим секогаш покажува реакција, но тоа не беше случај против Арсенал. Она што е видливо за мене е дека тимот физички паѓа и се мачи во вториот дел“, изјави Гути, а потоа „уфри“ по најголемите ѕвезди.
„Најдобрите играчи треба да бидат на ниво кога се во прашање најважните натпревари во сезоната. Килијан Мбапе, Винисиус, Родриго и Џуд Белингем, но од четворицата никој не се „појави“, каде беа“?