Ве мачи враснат нокт? Излечете го проблемот во седум чекори

popara5 април, 20251min00
63052555-nokti-na-nogama

Враснатиот нокт може да биде крајно болен и непријатен проблем, кој влијае на секој петти човек. Откријте процедура која ќе ви помогне да го решите без интервенција на лекар.

1. Потопете ги стапалата во топла вода – колку потопло, толку подобро. Потопете ги стапалата од 15 минути до половина час најмалку два пати на ден.

Целта на редовното капење е да ги омекне ноктите, но и да спречи можни инфекции во пределот на стапалата. Користете антибактериски сапуни за миење на нозете.

2. Пред купката, подгответе ги сите потребни додатоци за нега на нокти и ставете ги на дофат – од грицкалка до памучни топчиња и пинцети.

3. По купката, добро исушете ги стапалата со чиста крпа, а потоа исечете ги ноктите на нозете. Погрижете се да ги исечете ноктите рамно.

Заоблено исечените нокти го зголемуваат ризикот од враснати нокти и се најчеста причина за нив.

4. Со стерилна игла, подигнете го враснатиот нокт од месото и внимателно ставете го памукот во меѓупросторот. Бидете трпеливи и не притискајте премногу. Ставете памук под ноктот за да спречите иритација и инфекција на прстот, а потоа завиткајте го целиот прст во газа.

Запомнете дека овој палец ќе биде во контакт со другите прсти во внатрешноста на чорапот и чевелот во текот на денот и дека ќе има неизбежно потење.

5. Инфекцијата на прстот ќе ја препознаете по промената на бојата на овој дел од телото – во бои од екстремно црвена до темно сина. Доколку забележите инфекција на прстот или гној, најдобро е да се консултирате со лекар, кој ќе ви го препише соодветниот лек.

6. Оставете ги вашите стапала да дишат. Не носете чорапи и чевли кога сте дома и тоа не е потребно.

7. Редовно проверувајте ја состојбата на ноктот, а памукот под ноктот менувајте го барем еднаш дневно. Ако на овој начин ја одржувате хигиената на ноктите, проблемот со враснатиот нокт треба да се реши за неколку недели, кога ќе порасне нов и здрав нокт.