Почина човекот кој ги откри Кристијано Роналдо и Фиго

Скаутот на фудбалскиот клуб Спортинг Лисабон, Аурелио Переира, кој е одговорен за откривањето на легендарните фудбалери Кристијано Роналдо и Луис Фиго почина на 78-годишна возраст.

Спортинг не ја наведе причина за смртта на Переира, кој исто така беше поранешен играч и тренер на клубот од Лисабон.

Роналдо го нарече Переира „еден од најголемите симболи на клубот“ во откривањето и подготвувањето млади таленти ширум светот, велејќи дека „неговото наследство ќе живее вечно“.

„Никогаш нема да престанам да бидам благодарен за се што направи за мене и за многу други играчи. Ти благодарам за се, почивај во мир“, напиша Роналдо во објавата на социјалната мрежа Х.

Спортинг рече дека Переира е одговорен за откривањето на 10. репрезентативци на Португалија кои го освоија Европското првенство во 2016 година.

Переира 20 години беше тренер на младинските категории на клубот од Лисабон, а главниот терен на академијата на Спортинг го носи неговото име.

Се вчитува...