Денес е 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Државниот врв, лидерите на политичките партии, честитките и заложбите за подобар живот, рамноправност, еднаквост на Ромите како и секоја година, ги искористија за политичка кампања и самопромоција.
На унапредувањето на човековите права на Ромите треба да се работи 365 дена во годината, а не само со честитки на 8 Април! Кој е вашиот став?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за состојбата на човековите права на Ромите?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа