Македонија

Коалицијата Вреди не планира да излезе од Владата, без согласност од ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат уставни измени и ова нема брзо да се реши, рече Таравари

Вреди не планира да излезе од Владата, иако министерот за здравство, Арбен Таравари, упати критики за неусогласеноста меѓу нив. Според Таравари, треба подобра синхронизација и помеѓу четирите партии внатре во коалицијата Вреди.

„Не засега не излагаме и не планираме да излеземе од Влада, продолжуваме“, рече Таравари.

Прашан дали има комуникација со ДУИ рече: „Барем пратениците комуницираат едни со други и никој не може да каже дека една партија комуницира само со внатрешните членови. Сите партии комуницираат едни со други“

Според него има и анкети кои јасно покажуваат дека граѓаните не се задоволни од дејствувањето на ВЛЕН во Владата.

„Кажав вчера во една емисија дека има незадоволство од функционирањето на ВЛЕН, тоа е повеќе поради десинхронизацијата внатре со партиите дел од ВЛЕН. Тешко е со една партија, а не пак со четири партии. Ни треба подобра синхронизација. Впечатокот кај народот е лош, дека ВЛЕН не делува како што треба. Владата има доверба од 70 отсто, а 30 отсто се задоволни од ВЛЕН во Владата. Недостасува подобра синхронизацја за партиите внатре во ВЛЕН“, рече Таравари.

Тој кажа дека не гледа брзо решавањето на прашањето за почеток на преговорите со ЕУ.

„Без согласност со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат уставните измени“, додаде Таравари.

На почеток