Забава

Познати сите учесници во 1/8 финалето во ЛШ

Со одигрувањето на реваншите од плеј-оф натпреварите, познати се сите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Италијанските екипи доживеја целосен дебакл, откако сите три беа елиминирани. Натпреварувањето заврши за Милан, кој беше елиминиран од Феенорд, потоа за Аталанта која загуби и дома од Бриж, како и за Јувентус. Јувентус загуби на реваншот кај ПСВ со 3-1, иако дома славеше со 2-1.

Па така покрај Феенорд, ПСВ и Бриж, во 1/8 финалето се пласираа и Борусија Дортмунд елиминирајќи го Спортинг Лисабон, потоа Реал Мадрид го елиминираше Манчестер Сити, како и ПСЖ кој беше подобар од Брест во двомечот со неверојатни 10-0. Баерн Минхен успеа да го мине тимот на Селтик, и Бенфика која беше подобра од двомечот со Монако.

Во 1/8 финалето од претходно директно се пласираа Барселона, Ливерпул, Лил, Астон Вила, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Интер и Арсенал.

Тагови

Поврзани вести