Протест во Централноафриканска Република против групата „Вагнер“ и третиот мандат на претседателот Туадере
- -Тука сме да му кажеме не на третиот мандат на Фаустино Аршанге Туадера. Сакаме да го заштитиме нашиот суверенитет, кој Туадера и „Вагнер“ го згазија, рече членот на опозицијата Џастин Вајн.

Бангуи, 4 април 2025 (МИА) - Неколку илјади лица денеска протестираа во Централноафриканската Република поради плановите на претседателот Фаустин Аршанге Туадера да се кандидира за трет мандат со поддршка на руската паравоена група „Вагнер“.
Митингот беше организиран од опозициските партии.
Централноафриканската Република е една од првите земји каде платениците на „Вагнер“ се бореа против бунтовничките групи.
Силите на Вагнер служат како лични телохранители на Туадера, помагајќи му да победи на уставниот референдум во јули 2023 година, со кој може да го продолжи неговото владеење на неодредено време.
-Тука сме да му кажеме не на третиот мандат на Фаустино Аршанге Туадера. Сакаме да го заштитиме нашиот суверенитет, кој Туадера и „Вагнер“ го згазија, рече членот на опозицијата Џастин Вајн.
„Вагнеровци силуваа и убиваа луѓе. Ова не е нормално. За да се стави крај на нивното владеење, Туадера мора да си оди“, додаде тој.
Централноафриканската Република е во внатрешен конфликт од 2013 година, кога доминантно муслиманските бунтовници ја презедоа власта и го сменија тогашниот претседател Франсоа Бозизе.
Шест од 14-те вооружени групи кои го потпишаа мировниот договор од 2019 година подоцна го напуштија договорот.
Локалните жители и владата им припишуваа заслуга на силите на Вагнер што ги спречија бунтовниците да ја преземат контролата.сд/
фото:ЕПА