Фото: Apple

Марк Гурман, во неговиот најнов неделен билтен, најавува дека Apple работи на целосно нова верзија од Magic Mouse. Ова минималистички направено глувче првпат беше претставено пред 15 години, односно во 2009 година. Почна како доста уникатен и функционален уред, а сега добива доста критики.

Меѓу главните критики се лошата удобност на глувчето кое не ни може да се спореди со конкурентните кои даваат големо значење на ергономијата, односно удобното поставување на дланката подолго време. 

Секако, тука е и најпознатата критика за поставеноста на приклучокот за полнење на долната страна, па глувчето не може да се користи додека се полни. 

Ова секако не е голем проблем со оглед на тоа што батеријата трае доста долго време, а кога треба да се наполни, истото се прави за доста кратко време. 

Според Гурман, новиот Magic Mouse не треба да се очекува баш скоро. По завршувањето на дизајнот, доаѓа време на изработка на внатрешноста и софтверот, што значи дека треба да го очекуваме за 12 до 18 месеци од сега. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаApple развива уред на преклоп со големина од два iPad Pro уреди кој нема да има линија на местото на превиткување
Следна статијаСара Мејс е нов бренд амбасадор на CHERY автомобилите во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.