Општо

Накратко од светот: Oстри реакции од Кина и од ЕУ поради царините на Трамп

Автор: Bloomberg Adria

3 април 2025, 09:24

По одлуката, различни класи на имот бележат пад на вредноста

Од земјите погодени од царините пристигнуваат пораки дека ќе има контрамерки

Накратко од светот: Oстри реакции од Кина и од ЕУ поради царините на Трамп

Bloomberg

Bloomberg Adria

Пазарите утрово се во знакот на објавата на новите американски царини. Различни класи на имот бележат пад на вредноста, додека од земјите погодени од царините пристигнуваат пораки дека ќе има контрамерки.

ПОЛИТИКА

Трамп воведе царини за цел свет, за Македонија 33 проценти

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини за трговските партнери низ светот, што е негов најсилен напад на светскиот економски систем, кој, како што вели, долго време неправедно ги оштетува САД. Трамп најави дека ќе примени минимална царина од 10 проценти на сите извозници во САД и ќе воведе дополнителни царини за околу 60 земји со кои САД имаат најголем трговски дефицит.

Прочитајте повеќеТрамп воведе царини за цел свет – за Македонија 33 отсто, за ЕУ 20 отсто

Тоа подразбира значително повисоки царински стапки за некои од најголемите трговски партнери, како што се Кина, Европската Унија (ЕУ) и Виетнам. Минималните увозни царини ќе стапат во сила в сабота по полноќ, додека повисоките царини ќе почнат да се применуваат од 9 април, се наведува во соопштението на Белата куќа.

САД им воведуваат царини на Србија од 37 проценти, на Босна и Херцеговина од 35 проценти, на Македонија од 33 проценти, а на Црна Гора, Албанија и Косово од 10 проценти. 

Трамп наведе дека лидерите што сакаат изземање од возвратните царини треба да ја променат својата трговска политика.

 

Стигнуваат остри реакции од Кина и од ЕУ

Поединечно гледано, за ЕУ Трамп воведува царини од 20 проценти, додека за Кина предвидува царини од дополнителни 34 проценти. Кина веднаш остро го критикуваше тој потег и вети дека „одлучно ќе преземе контрамерки за да ги заштити своите права и интереси“.

Прочитајте повеќеЕУ вети дека ќе одговори со контрамерки на американските царини од 20 отсто

Одмазда најави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа предупреди дека најновите потези на САД ќе ѝ нанесат удар на светската економија и повика на понатамошни трговски преговори.

 

Стапија во сила американските царини за автомобилите

Денеска стапија во сила и американските царини на увоз на автомобили од 25 проценти, што драстично ќе ги зголеми трошоците и ќе ги наруши синџирите на снабдување во автоиндустријата. Тоа предизвика пад на акциите на производителите на автомобили.

Bloomberg
 

Па така, акциите на „Џенерал моторс“ (General Motors) паднаа за 1,6 проценти во електронското тргување, на „Тесла“ (Tesla) за 6,2 проценти, а на „Стелантис“ (Stellantis) за 1,9 проценти.

БЕРЗИ

Европа

Светските пазари на капитал се соочија со жестока распродажба откако американскиот претседател најави сеопфатни царини.

Фјучерсите на европските акции утрово се тргуваат претежно во црвено, откако Трамп во својот план, меѓу другото, ја најави и споменатата царинска стапка за ЕУ.

САД

Царинската офанзива на Трамп ги намали и цените на фјучерсите на американските акции. Така, фјучерсите на индексот S&P 500 паднаа за над 3,5 проценти, додека фјучерсите на Nasdaq паднаа за 4,5 проценти. По повод најновите царински мерки се огласи и американскиот министер за финансии Скот Бесент, кој ги повика американските трговски партнери да не преземаат мерки на одмазда.

Акциите на „Епл“ паднаа за речиси седум проценти

Bloomberg
 

Истовремено, акциите на компаниите од секторите што ќе бидат најтешко погодени од новите царини нагло паднаа во електронското тргување. Акциите на „Најк“ (Nike), „Гап“ (Gap) и „Лулулемон“ (Lululemon Athletica) паднаа за најмалку седум проценти. Сите тие компании се потпираат на стоки и фабрики од Виетнам, земја за која Трамп воведе царинска стапка од 46 проценти. И акциите на „Епл“ (Apple), чиј синџир на снабдување во голема мера зависи од Кина, паднаа за 6,9 проценти.

Азија

Кога станува збор за акциите во азиско-пацифичкиот регион, тие исто така се во пад по новиот бран царини на Трамп. Јапонските акции предничат по загубите, откако Трамп најави царини од 24 проценти на увоз на стоки од таа земја.

НАФТА
Bloomberg
 

Вредноста на нафтата падна по воведувањето на царините, кои го заобиколија енергетскиот сектор, но ја засилија трговската војна, која ја загрозува светската побарувачка.

Брентот падна за 3,2 проценти, на 72,52 долари за барел, следејќи го падот на поширокиот пазар. ВТИ (West Texas Intermediate) се купуваше за близу 70 долари.

Сите новости од рубриката Политика

Накратко од светот: Трамп го притиска Зеленски да го прифати мировниот договор
Општо

Накратко од светот: Трамп го притиска Зеленски да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател го зголеми притисокот врз украинскиот колега за да прифати мировен договор, обвинувајќи го Зеленски за продолжување на војната, која трае веќе четврта година.

24.04.2025

Накратко од светот: Акциите на „Тесла“ разочараа, Маск најави повлекување од политиката
Општо

Накратко од светот: Акциите на „Тесла“ разочараа, Маск најави повлекување од политиката

Американскиот претседател најави намалување на царините за Кина, акциите на „Тесла“ конечно пораснаа, а фјучерсите на европските и американските акции се тргуваат во зелено.

23.04.2025

Автор: Bloomberg Adria

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите