• Мартин Танасковски

Македонските прволигаши Беса 1976 и Пелистер продолжија со пријателските натпревари и одиграа меѓусебен дуел како најава на сезоната која продолжува за две седмици.
Подобра беше екипата на Горазд Михајлов, Беса во мечот со пелистерци славеше со резултат 2-0 (0-0). Двата гола на СРЦ „Билјанини Извори“ паднаа во второто полувреме, а стрелци беа Арсим Љамалари и Адмир Латифи.
Беса и Пелистер ги чека борба за опстанок во елитното друштво во мак-фудбалот, затоа што и двата тима се наоѓаат во долниот дел на табелата.