27
Олаф Шолц ги означи тарифите на Доналд Трамп како „фундаментално погрешни“. Тој ја опиша одлуката на американскиот претседател како „напад врз трговскиот систем кој создаде просперитет во целиот свет, а само по себе е американско достигнување“.
Европската унија која е погодена со царини од 20 проценти има најсилен внатрешен пазар во светот, додаде Шолц, со 450 милиони потрошувачи.
„Сакаме соработка, а не конфронтација и ќе ги браниме нашите интереси. Европа ќе одговори на оваа одлука обединето, силно и пропорционално“, додаде тој.