Април носи многу културни и уметнички настани во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“


Оваа година Гевгелија преку манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“ ја отвора својата врата за креативноста и иновацијата. Од концерти, театарски претстави, изложби и промоции на книги, секој настан е осмислен за да го поттикне духот на заедницата и да создаде незаборавни моменти за сите посетители.

Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да се впуштите во светот на културата и уметноста! Бидете дел од ова културно патување!


Подолу погледнете ја деталната програма:

1 април 2025 година (вторник), 19:30 ч.
Концерт на пијано дуо „Гелебешеви“
Хотел „Аполонија“- Гевгелија


3 април 2025 година (четврток), 19:00 ч.
Концерт за одбележување на Денот на пијаното
ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија

8 април 2025 година (вторник), 20:00 ч.
Промоција на книга од Кире Јанишлиев „Гевгелија порта кон Европа“
Хотел „Аполонија“- Гевгелија


9 април 2025 година (среда), 19:30 ч.
Музичко-поетски перформанс на трио „Мевлем“Народен театар- Гевгелија

10 април 2025 година (понеделник), 20:00 ч.
Театарска претстава
„Јас, на некое друго место“, НУЦК „Ацо Шопов“- Штип
Народен театар- Гевгелија

11 април 2025 година (петок)
Свечено отворање на „Гевгелија град на култура за 2025 година“
– Самостојна изложба на Ана Митевска „Приказни во тиркиз-извор на животот“
Уметничка галерија „Амам“, 17:30 ч.
– Дефиле
Градски плоштад, 18:30 ч.
– Концерт на Национален џез оркестар
Градски плоштад- Гевгелија, 19:30 ч.

12 април 2025 година (сабота) 09:00 ч.
– International Gevgelija Dens Fest
Спортска сала „26 Април“- Гевгелија
– Патронат на СОУ „Јосиф Јосифовски“
Театарска претстава „Адска машина“ во изведба на Драмската група „Дон Кихот“
Народен театар- Гевгелија, 19:30 ч.

14 април 2025 година (понеделник), 20:00 ч.
Самостојна изложба на Стефани Брламова „Тишина во слики“
Народен театар- Клуб галерија

15 април 2025 година (вторник), 20:00 ч.
Театарска претстава „Чорбаџи Теодос“
Драмска секција
Народен театар- Гевгелија

16 април 2025 година (среда), 20:00 часот
Stand up комедија со Надица Петрова „Надица, Нада и уште некои работи плус“
Народен театар- Гевгелија

17 април 2025 година (четврток), 19:00 часот
Велигденски концерт
ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија

22 април 2025 година (вторник)
– Промоција на книга од Драгослав Ортаков „Повест за Рушка“
Хотел „Аполонија“- Гевгелија, 12:00 ч.
– Самостојна изложба на цртежи од Родољуб Атанасов „Глава полна со луѓе“
Уметничка галерија „Амам“, 19:00 ч.
– Фолклорен концерт „Ѓуро Мара”
Плато пред Дом на култура- Миравци, 19:30 ч.

24 април 2025 година (четврток), 20:00 ч.
Театарска претстава „Петок 13“, НУЦК „Антон Панов“- Струмица
Народен театар- Гевгелија

25 април 2025 година (петок), 20:00 ч.
Рецитал на Ристе Велков „Музички мозаик“
Хотел „Аполонија“- Гевгелија

26 април 2025 година (сабота), 20:00 ч.
Балетска претстава „Велеградски варијации“ од Љубомир Бранѓолица
Народен театар- Гевгелија

29 април 2025 година (вторник), 12:00 ч.
Flash Mob Меѓународен ден на танцот
Градски плоштад- Гевгелија

30 април 2025 година (среда), 18:00 ч.
Изложба на дела од едукативна работилница „Негуваме уметност преку хроматика“
Уметничка галерија „Амам“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ во Истанбул

„Музички мостови“ е насловот на концертот на триото „Интерарт“ од Битола што ќе се одржи …