Забава
Актерката Емили Осмент се разведува само пет месеци по свадбата

Американската актерка Емили Осмент (32), позната по улогите во популарните серии „Хана Монтана“ и „Деца на шпиони“, поднесе барање за развод од кантавторот Џек Ентони Фарина само пет месеци по нивната венчавка.
Актерката поднесе барање за развод во Врховниот суд во Лос Анџелес во петокот, наведувајќи ги како причина непомирливите разлики.
Според судските документи, двојката која се венчала на 12 октомври, не живее заедно од 7 декември. Тие немаат деца и ова е прв брак за Емили, која, инаку, е помлада сестра на актерот Хејли Џоел Осмент.
Популарноста ја стекна со улогата на Лили Трускот, најдобрата пријателка на Мајли Сајрус, која ја игра главната улога во серијата „Хана Монтана“.
Осмент претходно изјави дека „Хана Монтана“, која се емитуваше од 2006 до 2011 година, и го променила животот. Сепак, како што истакна, никогаш не гледала ниту една епизода од тој тинејџерски ситком.
„Не можам ни да ви кажам дали воопшто сум го гледала, дали е тоа страшно? Се сеќавам дека ја гледав премиерата затоа што ни направија забава на сцената. И се сеќавам дека беше толку интересно време, бидејќи немавме поим што ќе биде“, рече актерката во интервјуто.
„Мислам дека со секоја голема одлука во вашиот живот, без разлика дали е врска или работа или што и да е, мора цврсто да застанете зад неа. На крајот на краиштата, тоа не успеа“, изјави Осмент за списанието „Пипл“.
Веднаш по барањето за развод, актерката ги отстрани фотографиите од неа и Ентони од својот Инстаграм профил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Принцот Вилијам разговараше со обожавателка и се пошегува: Барем јас да имав таква коса

Принцот Вилијам вчера го посети фудбалскиот клуб Спортинг Калса во Вест Мидлендс, каде што беше пречекан од навивачите со транспаренти, меѓу кои и дама со светло црвена коса која го привлече вниманието.
Во еден момент тој и пришол и ја поздравил, а потоа се пошегувал на своја сметка.
„Ох, вашата коса. Биарем јас да имав таква! Изгледа фантастично. Веќе ја изгубив таа можност”, рекол тој, а потоа се насмеал и позирал со неа, а видеото станало вирално на социјалните мрежи.
Инаку, тој ден Вилијам го следеше и тренингот на Астон Вила, неговиот омилен клуб, кој вечерта го играше осминафиналето од Лигата на шампионите против Клуб Бриж, а таму го пречекаа околу стотина деца и локални жители со кои се фотографираше.
Забава
(Видео) Двата веренички прстени на Лејди Гага: едниот е од трева, другиот вреди 2 милиони долари

Лејди Гага неодамна се појави во шоуто на Хауард Стерн. Таму открила дека нема еден, туку два веренички прстени. И не само тоа, туку момчето Мајкл Полански прво ја запроси со – прстен од трева.
Тревата е заштитена со смола за да може да се носи како прстен. Вториот е потрадиционален дијамантски прстен, наводно вреден два милиони долари.
„И двата ги сакам подеднакво. Но, прстенот од трева, не можеш да замениш нешто со такво значење“, истакна Гага, која често ги носи двата прстени истовремено.
Пејачката и претходно зборуваше за прстенот од тревата, присетувајќи се на разговорот со Полански пред тој да ја запроси на 1 април минатата година.
„Тој ми праша: Ако некогаш те запросам, како да го направам тоа?. Јас одговорив: Само земи парче трева од градината и завиткај го околу мојот прст. Тоа е она што тој го направи“, опиша таа.
Забава
(Видео) По него лудуваат милиони жени, а тој е сè уште сам: што се крие зад згодното лице на холивудскиот заводник

Педро Паскал важи за еден од најпопуларните и најбараните актери, а ако ги прашате жените, тој е и еден од најзгодните.
Познатиот актер Педро Паскал (49) стана еден од милениците на публиката по неговите улоги во сериите „Игра на тронови“, „Наркос“, „Мандалоријан“ и „Последниот од нас“, кои го направија уште попопуларен. Неговиот лик е особено интересен за жените.
Колку Педро го плени женскиот род, говори и тоа што е популарно секое видео кое содржи нешто за него, а кога и да се појави, во центарот на вниманието е неговата привлечност и харизма.
Зошто жените не можат да му одолеат?
Ова прашање стана доста значајно во светот на социјалните мрежи, а Педро несвесно стана главен заводник и дефинитивно маж по кој жените „полудеа“. Снимката на која Паскал се смешка или едноставно постои веднаш привлекува погледи и коментари.
Енигмата наречена Педро Паскал многумина ја опишуваат како комбинација на заштитнички човек и нежност во исто време, па денес, кога можеби имаме премногу „лоши момци“, или оние кои само се преправаат дека се, Педро е вистински исклучок бидејќи е оригинален.
Кој е Педро Паскал?
Згодниот актер е роден 1975 година во Чиле, татко му е лекар, а мајка му детски психолог. Поради политиката, поточно диктаторскиот режим во родната земја, семејството било принудено да се исели.
Прво добиле азил во Данска, а потоа се преселиле во САД.
Неговиот приватен живот често е предмет на медиумско внимание, но Педро не попушта. Тој никогаш не проговорил за тоа во јавноста, а единствено познато е дека никогаш не се оженил и немал деца.
Во текот на кариерата го поврзуваа со неколку колешки, но никогаш официјално не потврди никаква врска, па стана вистинска холивудска енигма.
Неговата популарност го достигна врвот во 2014 година кога доби улога во серијата „Игра на тронови“, а смртта на неговиот лик влезе во историјата како најшокантниот момент.