Кешишев за планот за убиството на Вања: Го смисли Палчо, тој имаше пиштол во рака, а мене ме викнаа за закопувањето


Обвинетиот Влатко Кешишев сведочеше дека го видел Љупчо Палевски-Палчо со пиштол во рака на местото каде Вања Ѓорчевска беше убиена и закопана. Кешишев посочи дека откако слушнал звук на истрел, го викнале да помогне во закопувањето на убиеното 14-годишно девојче.
Адвокатот Игор Ефремов: Дали знаевте колку пари треба да се земат и кој треба да ги земе?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, еднаш му кажав на Палчо дека е непотребно такви работи. Меѓу нив беше договорот, меѓу Палчо, Вељо и Боре. Планот го правеше Палчо.
Адвокатот Игор Ефремов: Каква беше вашата улога? (се мисли на планот за грабнувањето на Вања)
Обвинетиот Влатко Кешишев: Беше да ја поместам колата до пред скалите (на зградата каде живееше Вања) и да го отворам гепекот и да седнам на совозачко седиште. Jас требаше да седам во цитроенот, да не го гасам да работи. Тогаш и јас имав моторола, јас Палчо и Вељо. Ми кажаа да го отворам гепекот. Јас тогаш излегов,го отворив, Вељо дојде прв носеше вреќа, ја стави во гепекот и отидовме. И отидовме до Бразда и тука заврши се“.
Според Кешишев, возел Велибор Манев кого тој го нарекува Вељо. Позади нив седел Боре Видевски (каратистот). Палевски им се придружил кај позвожњакот кај Качанички пат.
„И возеше пред нас, ние по него, за да стигнеме до местото“, рече Кешишев.
Продолжи да сведочи што се случувало по грабнувањето на Вања Ѓорчевска.
„Никој ништо не прозборе додека не стигнавме до местото. Кога стигнавме, излеговме сите од колата од ‘цитроенот’, Палчо од ‘кангуто’, и тој ми кажа да одам едно 20 метри да внимавам ако наиде некој бидејќи долу под патот имаше викендица со лозје, со црвени блокови, немачкана, и ми кажа да стојам на тоа растојание да гледам да не наиде некој. Па едно 3-4 пати се свртев да видам што се случува, првиот пат ги видов кога разговараа а гепекот беше отворен, не знам што разговарале беа одалечени. Повторно кажувам не се правдам, не напаѓам никого туку кажувам како што беше. Чекав таму,они разговараа. И после кога се свртев работеа, копеа. И последниот пат кога се свртев видов дека Палчо држеше пиштол во рака. Кажувам како што беше. И потоа слушнав истрел пукање-тап, тап ама некако тапо. Како неприслушно. На крај ме викнаа да го ззатрупаме телото и не го видов беше покриено со земја. Се покри се за кратко време, ставивме стари работи кои ги најдовме таму, се што имаше фрлено. Тогаш Палчо ги избриша лопатите, една лопати и ашов и еден копач со ВД 40. Ги ставивме во ‘кангуто’, позади јас и Боре, а Палчо возеше со ‘кангуто’. Вељо го возеше ‘цитроенот’. Излеговме на патот на селото Бразда, на едно 500 метри ми кажа да ги фрлам лопатите и копачите во една банкина покрај патот, каде што имаше капини. Јас ги фрлив, он полека возеше, и продолжив со ‘кангуто’ до местото каде што се запали ‘цитроенот’“ рече Кешишев.
Адвокатот Игор Ефремов: Кога видовте дека станува збор за мало девојче?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Кога го запаливме ‘цитроенотот’ се вративме во штабот, Велибор и Боре тргнаа кон Велес, Палчо остана сам во студиото, јас отидов во кујната да правам кафе и тогаш видов на ФБ дека се бара дете. Кога влегов ја покажав сликата од телефонот на детето, а Палчо не ми одговори ништо. ‘Што е ова?’, го прашав и не ми одговори ништо. Jас се повлеков во кујната и таму имав кревет, спиев таму. Кога отиде во Белград не знам, не разговаравме, не ми беше јасно ништо што се случи. Доволно ми беше што видов на слика дете, на ФБ“ рече Кешишев.
Тој сведочеше за алататот со кој било извршено закопувањето на Вања.
„Алатот беше во ‘кангуто’, претходно купени од Бит пазар, јас и Палчо. Пазарувавме нешто за јадење и тогаш Палчо ми рече дека имаме да земеме уште нешто. Тогаш ги купи лопатите и копачот“ рече Кешишев кој не го прашал Палчо зошто ги купил.
„Моторолите ги купи Палчо, пиштолот бил на Боре, како што слушнав овде, не можам да тврдам, не сум го видел не бев таму“, додаде тој.
