Коки: „Не е комплимент кога ќе ви речат дека во креветот сте вреден како пчела – пчелата само еднаш боцка!“

Објавено на 30 декември, 2024 во 10:07

„На сите читатели на порталот “ДУМА” им ја честитам новата 2025 година, и им посакувам здравје, радост и среќа да ги следи низ целиот  живот!“

Вашиот афористичар Никола Бошковски Коки,

којшто за новогодишните празници ви ги подготви следните афоризми:

„Без жени нема живот, а со нив…уште помалку.“

„Единственото новогодишно намалување, всушност е намалената доверба на граѓаните во господата кои денес ја претставуваат власта.“

„Нема наталитет, штом наместо нозете, секојдневно ги дигаме…цените.“

„Во текот на новогодишните празници, многумина возачи ќе седат зад воланот, затоа што не ќе бидат во состојба, да стојат.“

„Не е комплимент кога ќе ви речат дека во креветот сте вреден како пчела – пчелата само еднаш боцка!“

„Многу сопруги веруваат дека во фирмите се случуваат итни, неодложни состаноци ,но не веруваат дека записниците се водат на бели кошули, со кармин за усни.“

„Како во животот, така и во шахот, мошне јак потег е кога ќе успеете да ја освоите …противничката Дама.“

С Р Е Ќ Н А    Н О В А !!!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.