Велешанец тргна пешки за да стигне на утрешниот погреб на пријателите во Кочани, не сака јавност а можат да му се придружат пријатели

Објавено на 19 март, 2025 во 16:33

„ Не сакам јавност но ми препорачаа со вас да се исконсултирам како да постапам и дали е потребно да се пријавам некаде дека ќе одам пешки до Кочани за да стигнам на погребот на пријателите,“ зборуваше велешанецoт којшто денеска во 14:48 часот се јави на телефонскиот број на Дума.мк.

На новинарското прашање „Зошто пешки и зошто не сакаш да го снимиме твоето поаѓање од Велес?“  Тој одговори: „Од се ми е преку глава, не сакам политика, не сум проблематичен човек ако сакате прашајте го Панче којшто ме познава и мене и вас, јас ќе одам до Кочани а можат да ми се придружат тие што сакаат за заедно да ги испратиме и јас своите и тие нивните пријатели до вечното почивалиште нашите пријатели. Купувам вода и тргнувам“, рече велешанецот.

Овој текст Дума.мк го објавува со цел да им укаже на своите читатели дека можеби по пат ќе го сретнат овој велешанец сам или со други коишто ќе пешачат. Ќе им понудат помош во храна, кафе или вода и на тој начин помогнат безбедно да стигнат, одејќи пешки покрај регионалниот пат Велес – Штип а потоа и од Штип до Кочани.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.