СНЕГ НА СТРАЖА - до вечерва се очекува снег на повеќе локации низ земјва, а можно е и низ градовите (ВИДЕО)
Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 12:31
Снег вее на планинскиот превој Стража, а снимки од новиот снежен бран веќе се споделуваат на социјалните мрежи.
Како што споделуваат „Порта.мк“ кои објавија видео од состојбата на терен, веќе паѓа снег кој не е за потценување и апелираат на внимателно движење во сообраќајот.
- Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен снежен циклон и нагло и значително опаѓање на температурите, дури и за 10 до 15 степени пониски температури ќе имаме до вечерва во однос на оние кои ги имавме до вчера (сабота 5 април) - напиша метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Во следните часови од север врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија и повремено ќе бидат обилни и од снег најпрвин на повисоките населени места, планините и секако на Скијачките центри. Во текот на доцните попладневни часови од денешниот ден (недела 6 април) и вечерва врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градови).
Можеби ќе ве интересира
Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

(ВИДЕО) Германски пожарникари возеа 3.000 километри за да му донираат противпожарно возило на Кочани

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони
