Анчелоти на судење поради „затајување“ данок во висина од еден милион евра

Карло Анчелоти се соочува со голем проблем и ќе мора да се појави пред судот во Шпанија, каде е обвинет за затајување данок во висина од еден милион евра. 

Италијанскиот стратег ги отфрли сите обвиненија, но мора да се појави на рочиштето со својот адвокатски тим кој ќе треба да ја изнесе неговата одбрана. Судењето е закажано за втори април. 

Се работи за нешто повеќе од еден милион евра, пари кои Анчелоти треба да објасни како завршиле на неговата сметка. Според адвокатите, недоразбирањето е настанато поради неправилности во даночното пресметување, и тоа во два наврати (во 2014 и 2015 година). 

Адвокатите изјавија дека ќе се обидат да докажат дека кај Анчелоти нема никаква вина и очекуваат судот да го „одмрзне“ запленетиот имот во вредност од 1,2 милиони евра.